Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО не одговара на барањата на Врховниот суд за да не влијае на изземањето на Вангеловски

СЈО не одговара на барањата на Врховниот суд за да не влијае на изземањето на Вангеловски

Специјалното јавно обвинителство соопшти привремено не одговараат на барањата на Врховниот суд на Република Македонија за да не влијае на процесот на изземање на претседателот на судот, Јово Вангеловски.

„Согласно Законот за кривична постапка, во постапката за изземање на судија задолжително дејствие е прибавувањето на изјава од судијата. Со оглед на тоа што бараната информација може да се добие од самиот судија за кого е барано изземањето, ова Јавно обвинителство нема да обезбеди одговор со цел да не се влијае на исходот на постапката“, се наведува во реакција, која следи откако Вангеловски ги обвини дека не соработуваат со Врховниот суд.

Од СЈО појаснуваат дека сме свесни за итноста на постапките и истакнуваат дека со нивните дејствија не се одолговлекуваат постапките.

„Воедно апелираме за соодветна примена на начелото на итност и при постапување со барањата на ова Јавно обвинителство“, се вели во реакцијата на СЈО.