Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО бара директорот на УБК повторно да биде казнет

СЈО бара директорот на УБК повторно да биде казнет

Специјалното јавно обвинителство бара по вторпат да биде казнет директорот на УБК, Владимир Атанасовски, за недоставување на потребните податоци на обвинителите, дознава Макфакс.

Претходно, Атанасовски, како прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање беше казнет со парична казна од 2500 евра за несоработка со обвинителите.

Според информации на Макфакс, директорот до СЈО доставувал дописи во кои само пишува дека постапува согласно Законот.