Friday, Apr 26, 2024
HomeГИГА БАЈТПЦСилно блесна Meizu MX5

Силно блесна Meizu MX5

Meizu се обидува да излезе од сенката на својот кинески конкурент Xiaomi и навистина успеа да блесне со најновиот Meizu MX5 кој ќе понуди врвна изработка на тенкото метално тело од 7.6 милиметри, како и нови можности со Mediatek Helio X10 Turbo процесорот со осум јадра од 2.2 GHZ.
maxresdefault
Meizu MX5 е одлично скроен смартфон со 5.5 инчен Full HD дисплеј обложен со тенка рамка под кој се наоѓа овално физичко копче. Хардверот е надополнет и со 3 GB RAM, 16, 32 или 64 GB меморија, додека пак мултимедијата е подржана со 20 мегапикселна камера со Sony сензор и LED блиц со две светла, а за искористување на сите бенефити во текот на целиот ден се грижи батерија со капацитет од 3150 mah.

Meizu MX5 во делот на софтверот го нуди најновото од Android 5.1 Lollipop и Flyme OS интерфејсот, па топ перформансите воопшто нема да бидат изненадување. Основната верзија на Meizu MX5 ќе чини супер евтини 290 долари, додека пак најскапата со 64 GB меморија ќе се продава за 387 долари.