Thursday, Mar 28, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонВе следат на интернет и преку батеријата

Ве следат на интернет и преку батеријата

Со новите истражувања се открива дека батеријата на вашиот смартфон би можела да се искористи за следење преку интернет. Поточно, може да се употреби HTML5 API од статусот на вашата батерија, кој им овозможува на серверите да му испраќаат на вашиот телефон страници што помалку трошат струја, кои овозможуваат информации за тоа колку лаптопот, таблетот или телефонот имаат преостанато батерија во проценти.

Комбинацијата од овие два податока може да го формира идентификацискиот број, кој потоа може да се поврзе со новите податоци и да види кои страници ги посетува корисникот. Најлошото во ваква ситуација е што корисникот е многу ранлив, бидејќи не помага ниту бришењето на cookies, користењето на VPN или блокирањето на рекламите. Единствено може да го користите уредот додека е вклучен на струја и батеријата му е на 100%.

Извор: telefoni.mk