Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисШок за Серена – Рекордната серија ја сопре Винчи

Шок за Серена – Рекордната серија ја сопре Винчи

Серена Вилијамс постигна фантастични резултати оваа сезона освојувајќи ги првите три Гренд Слем турнири, ја победи сестра си во четвртфиналето, но сега е сопрена сосема неочекувано од италијанката Роберта Винчи со 2:1 во сетови. Серена одлично го започна натпреварот на Артур Еш теренот со 6:2, но потоа Винчи направи целосен пресврт со 6:4 и 6:4 во решавачкиот сет со што ја замолкна јавноста која ја сметаше за целосен аутсајдер.

На овој начин Серена ќе мора да се прости од сонот да го сруши рекордот на Штефи Граф освојувајќи ги сите четири Гренд Слем турнири во една година, а Винчи ќе игра во финалето со сонародничката Пенета за титула во Њујорк.