Saturday, Apr 27, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамШкода прави автомобил безбеден за кучињата

Шкода прави автомобил безбеден за кучињата

Сопствениците на миленици ќе имаат нов омилен автомобил. Имено, Шкода ќе направи автомобил безбеден за кучињата.
Шкода стана прва компанија која понуди специјални сигурносни појаси за куќните миленичиња и претставуваат „практично решение за патување со кучиња“.

Освен сигурносни појаси за кучиња кои ги обезбедуваат вашите миленичиња во случај на сообраќајна несреќа, Шкода во своите нови модели ќе понуди и заштита за седиште која ќе обезбеди тапацирот да остане чист за време на превоз на животните. Караван моделите на новите Шкоди ќе имаат и додаток решетка за гепек која товарниот простор ќе го дели на два дела – еден за куче и друг за багаж.