Thursday, May 28, 2020
HomeДЕНЕШНАПолитикаГалерија: Граѓани се кренаа против отровите за кучиња кои може да отрујат и деца

Галерија: Граѓани се кренаа против отровите за кучиња кои може да отрујат и деца

protest zivotni (4) (1)

Група на граѓани и здруженија за заштита на животните на денешниот протестен собир на плоштадот „Македонија“ упатија апел до институциите итно да преземат мерки за да го спречат фрлањето на отрови на улиците за животните, бидејќи истите не само што не се хумано и паметно решение, туку се и закана и за децата кои може случајно да дојдат во контакт со отровот и да претрпат тешки последици.

protest zivotni (1) (1)

„Институциите кои толерираат насилство, истото го охрабруваат и соучествуваат, а ние во нив го вперуваме прстот. Порачуваме и ги повикуваме институциите да постапат во рамки на нивните надлежности и да изнајдат хумани и ефикасни начини за надминување на проблемот со бездомните животни“, изјави актерката Весна Петрушевска која го поддржа собирот.

protest zivotni (3) (1)

Петрушевска потенцираше дека за насилниците на бездомни животни треба да им се изрече казна затвор.

„Јас имам вдомено четири кучиња, вие можеби имате уште повеќе. Не сакам моите деца да бидат жртва на некои психопати, неписмени и ненормални кои што фрлаат отрови и го загрозуваат животот не само на кучињата, туку и на децата“, додава таа.

 

protest zivotni (5) (1)Протестирачите со транспаренти и пароли од плоштадот „Македонија“ се упатија кон Собранието. Тие побраа примена на поефикасни методи на стерилизација како и поголем капацитет на стационарите за згрижување на бездомни животни.protest zivotni (2) (1)protest zivotni (9) (1) protest zivotni (7) (1)

protest zivotni (6) (1) protest zivotni (10) (1) protest zivotni (8) (1)protest zivotni (12) (1) protest zivotni (13) protest zivotni (11) (1)