Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗапрено комбето на Шарената револуција – министерството за правда повторно доби боја

Запрено комбето на Шарената револуција – министерството за правда повторно доби боја

Демонстрантите кои се дел од антивладините протести на Шарената револуција, денеска во седум часот повторно се собраа пред зградата на Специјалното обвинителство, за да ја изразат нивната поддршка за оваа институција. Со носечки транспарент кој гласи „Вистинските државници не им се закануваат на граѓаните“ и извикувања „Нема правда, нема мир“, граѓаните се упатија кон Министерството за правда каде фрлија неколку балони со боја.

Демонстрантите од Шарената револуција стигнаа пред Собранието на Република Македонија, каде што започнаа со говорите, меѓутоа набрзо ги прекинаа и соопштија дека комбето кое што ја предоводи Шарената револуција било запрено на Булеварот Кочо Рацин, каде возачите на комбето биле легитимирани од полицијата. Во моментов целата колона се движи во правец на Булеварот Кочо Рацин.

Активисти на Шарената револуција утрово ги поддржаа студентите и дојдоа пред Ректоратот на УКИМ на протест за спречување на нелегитимен избор на нов Ректор. Блокадата заврши откако студентите издејствуваа четворица пленумци и медиумите да ја следат седницата.

фото: НоваТв.мк