Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеСепак и дење мора да се вози со светла

Сепак и дење мора да се вози со светла

Нема возење без светла. Амандманот на пратениците Нола Исмајлоска Старова, Силвана Бонева, Андон Чибишев и Марија Ангелова со кој се предлага останување на досегашното решение на употребата на светлата во сообраќајот од страна на возачите дење и ноќе е прифатен, што значи возачите како и досега, преку ден, ќе треба да продолжат да возат со запалени светла.

– Во сообраќај на пат, дење и ноќе, за време на управување со возилото, возачот на возилото задолжително треба да ги има запалено најмалку соборените светла за осветлување на патот. Обврската, не се однесува за возачите на запрежни возила и велосипедистите кога запрежното возило односно велосипедот го управуваат дење, освен во услови на намалена видливост, се наведува во предлог Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Доколку возачите преку ден не ја почитуваат оваа законска обврска ќе бидат казнети со 15 евра, а доколку светлата не им се вклучени навечер, ќе добијат казна од 35 евра или 15 негативни поени.