Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмSense8 серијата на Вачовски добива втора сезона

Sense8 серијата на Вачовски добива втора сезона

Популарната научно-фантастична серија Sense8 во продукција на Netflix, а во режија на братот и сестрата Вачовски доби одобрение за втора сезона откако беше одлично примена кај фановите.

Вачовски имаат лоша серија на неуспешни филмови, особено со катастрофата Jupiter Ascending, но затоа пак покажаа дека се уште имаат талент за квалитетна научна фантастика преку Sense8 каде главните 8 ликови се поврзани меѓу себе и може да се пренесат во меѓусебната свест.

Премиерата на втората сезона на Sense8 ќе се одржи во текот на пролетта со пуштање на сите епизоди одеднаш.