Wednesday, Jun 28, 2017
HomeАНТИСТРЕСХороскопСекој хороскопски знак има една супермоќ

Секој хороскопски знак има една супермоќ

Секој хороскопски знак има по некоја супер моќ, некој вид интуитивна енергија за која можеби не се ни свесни.

Овен – неограничена енергија
Припадниците на овој знак може да бидат јунаци чија енергија никогаш не пресушува. Брзи се, снаодливи, па дури и може да не јадат и не спијат сè додека не го добијат она што го сакаат.

Бик – супер сила
Не бадијала се вели „силен како бик“. Припадниците на овој знак знаат и физички и емоционално да им одолеат на предизвиците. Лесно се снаоѓаат во тешки ситуации и буквално ништо не може да ги скрши.

Близнаци – ментално снимање
Близнаците обично имаат способност да впијат огромна количина на информации за неверојатно кратко време. Без разлика дали читаат или само набљудуваат, имаат капацитет да научат многу нови информации.

Рак – моќ за сочувство
Да имаат супермоќ, Раковите дефинитивно ќе се пофалат со емпатија. Тие се способни да ги разберат сите луѓе и мотиви околу себе, па лесно се поврзуваат со сечија емотивна состојба. Сакаат да воспоставуваат посебна врска со секој човек, животно или билка на Земјата.

Лав – господар на огнот
Нивниот жежок темперамент може да создаде оган од ништо – доволно е само малку да се налутат. Но, со еднаква брзина можат да го изгасат ако забележат дека им штети на нивните блиски пријатели и сакани.

Девица – човечко торнадо
Заради брзината и интензитетот кој ги краси луѓето родени во овој знак, слободно може да се наречат како човечки торнада. Благодарение на способностите да размислуваат 5 чекори однапред, можат целосно да ја променат ситуацијата, баш како торнадо.
lazenjeВага – менување на облици
Припадниците на овој знак ги краси една практична способност – моќ на приспособување. Како супер јунаци, тие лесно ќе се приспособат на секој и насекаде. Таа нивна моќ им овозможува да го живеат животот во повеќе облици и од повеќе позиции.

Скорпија – читач на душата
Припадниците на овој знак дефинитивно знаат како да ја читаат туѓата душа. Тие се единствениот знак во зодијакот со толку силна перцепција и моќно логичко заклучување. Штом Скорпијата ќе ве погледне во очи, може да ги проценат вашите најскриени желби, страсти и цели.

Стрелец – детектор на лаги
Стрелците многу лесно може да ја извлечат вистината од било кој. Затоа се супер јунаци наречени човечки детектор на лаги. До вистината нема да дојдат преку мерење на пулсот и промените во дишењето, туку преку ситни манипулации со кои ќе го откријат соговорникот додека да трепне.

Јарец – управувач со мислите
Имаат неверојатно силна ментална енергија и упорност со која и другите ги убедуваат во нивното лично мислење и нивните одлуки. Јарците знаат буквално да ги контролираат туѓите мисли. Идеите им се секогаш генијални затоа што знаат издржано да ги одбранат.

Водолија – исчезнување
Водолиите лесно стануваат невидливи. Нивната моќ за исчезнување е неверојатна, и физички и ментално. Благодарение на оваа способност знаат да се дистанцираат кога треба, но и да го обиколат светот и да запознаат нови луѓе и нови ситуации.

Риби – творци на нови светови
Вечните сонувачи кои не се снаоѓаат најдобро во реалниот свет знаат како да создадат некои нови, паралелни светови. Нивната фантазија и креативност нема граници, па ако ги прашате со задоволство би живееле во некој футуристички филм како Матрикс.