Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ: Заврши времето за лагите на Груевски

СДСМ: Заврши времето за лагите на Груевски

Груевски измисли странски служби и жолти комбиња со тактички опреми што снимале. Потоа целата домашна и меѓународна јавност дознаа дека снимале домашните тајни служби и за тоа веќе се води истрага од Специјалното јавно обвинителство. Тврдеше дека снимките се сечени, лепени, креирани и монтирани. Антонио Милошоски призна дека снимките се вистински, а признаа и други, се наведува во соопштението на СДСМ како одговор на обвинувањата дека Заев е уценет политичар, а тоа го користат тие што не и мислат добро на земјата.

– Тврдеше дека нема да има никакви оставки по скандалите со криминали и злодела објавени во  проектот Вистината за Македонија. Јанкулоска, Јанакиески и Мијалков ги дадоа првите три оставки, а по нив следеа и многу други, велат од СДСМ.

Од СДСМ посочуваат и на тврдењата дека нема да даде оставка на премиерската функција, дека ќе се одржат предвремените парламентарни избори закажани за 24 април иако за нив не биле исполнети условите, дека изборите закажани за 5 јуни ќе се одржат дури и без опозиција, како и дека воопшто ќе нема избори, оти ќе нема да има техничка влада за организирање избори, дека се спремаат некакви федерализации и кантонизации, што, посочуваат, се покажало како лага.

– Единствено што има е Програмата на новата реформска Влада на Република Македонија, којашто ги гарантира унитарноста на државата, заедништвото и реформите во интерес на граѓаните, пишува меѓу другото во соопштението од СДСМ.