Saturday, Jul 22, 2017
HomeДЕНЕШНАЕкономијаСе трошат медиумски „ќорци“ против Макпетрол со неосновани информации

Се трошат медиумски „ќорци“ против Макпетрол со неосновани информации

makpetrol-benzinska

Серијата неосновани и сензационалистички написи околу Макпетрол кои деновиве се појавуваат во дел од порталите на маргините на македонскиот интернет простор, укажуваат на платена и нарачана кампања за оцрнување на раководството на компанијата. Во период во кој се чека одлуката на Комисијата за хартии од вредност во врска со понудата за преземање од анонимната офшор-компанија „Балкан Петролеум“, очигледно е дека ваквата кампања произлегува од „кујните“ на сомнителните руско-украински „инвеститори“.

„Расипничкото работење на Јосифовски“, „Стојан Андов вмешан во бизнисите на Јосифовски“ – ова се само дел од неоснованите наслови на порталите, кои немаат допирни точки со објективното новинарство. За очигледната тенденциозност и непрофесионалност на ваквите написи деновиве во два наврати реагираше и Сервисот за проверка на факти во медиумите:

„Уште еден чекор за упропастување добра идеја е, наместо темелен извештај врз основа на искази, да напишете – коментар. Оттаму, оваа медиумска содржина, скриено, бидејќи никаде не е наведено дека се работи за коментар, туку, напротив, текстот е објавен во рубриката „Економија“, прави класично подметнување“, се вели во една од рецензиите на текстовите со кои се води медиумската хајка, објавена под наслов „Медиумски ќорфишек за Макпетрол“.

Во таквите написи се прават срамни инсинуации, се спомнуваат фантомски „писма на акционери“ и се изнесуваат серија лаги и конструкции кои имаат само една цел: да ги валкаат имињата на Андреа Јосифовски и другите менаџери на Макпетрол и да создадат искривена слика во јавноста за компанијата и нејзиниот менаџмент. За дел од овие написи веќе се покренати тужби за клевета против неколку портали, а од компанијата најавуваат дека нема да дозволат ваквите неосновани напади да поминат без реакција.