Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРСе снима биографски филм за Бритни Спирс

Се снима биографски филм за Бритни Спирс

Поп дивата Бритни Спирс наскоро ќе добие свој биографски филм, каде што главната улога ќе ја одигра австралиската актерка Наташа Ласет, најавија од продуцентската куќа „Лајфтајм“.

Продуцентите соопштуваат, исто така, дека ниеден дел од животот на некогаш популарната пејачка нема да биде прескокнат, па ни оние тешки моменти, кога таа во својата депресија и летаргија си ја избричи главата „лустер“, на пример. Или тоа кога со еден папарацо завршила в кревет (а се испостави дека тој бил нејзино поранешно момче). Или пак, нејзината рехабилитација, одземањето на старателството врз родените деца…

„Сите говореа дека Бритни дошла до работ, бракот и се распадна, го изгуби старателството над синовите… но и покрај неволјите, таа се избори со сето тоа и одново изгради кариера, докажувајќи им на сите дека е сирова сила во светот на забавата“ стои во соопштениеето на „Лајфтајм“.

Премиерата на филмот е закажана за наредната година.