Friday, Apr 26, 2024
HomeАНТИСТРЕССе отвора најголемиот затворен забавен парк во светот!

Се отвора најголемиот затворен забавен парк во светот!

Кон крајот на овој месец во Дубаи се отвора најголемиот затворен тематски парк на светот со цел да се привлечат туристи и жители кои често бегаат од овој град за време на летниот период. Во пештерното преградје надвор од бетонскиот центар на Дубаи, климатизираниот тематски парк „Светот на авантурата“ на компанијата „ИМГ“ зазема неверојатни 140.000 метри квадратни и е исполнет со ролеркостери, диносауруси, супер херои и цртани ликови.

Во мрачните делови се наоѓаат и зомбиња, додека во Изгубената долина се наоѓа и вештачка прашума.

Tematski-park-f2

Како што стојат работите, семејствата во Дубаи сега имаат неколку места на кои можат да се сокријат од жешкото време кое во тие краеви достигнува и до 50 степени Целзиусови. Во тематскиот парк се наоѓа и затворено скијалиште, со вистински пингвини.

Tematski-park-f3

„Се надеваме дека со овој парк ќе го кренеме туризмот на повисоко ниво во текот на летниот период во Дубаи“, истакнува Ленард Ото, директорот на новата атракција во вредност од милијарда долари. Отварањето на паркот се очекува на 31 август.

Tematski-park-f1