Sunday, May 5, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноСе ближи големиот верски празник – Велигден, обојте ги јајцата по природен пат

Се ближи големиот верски празник – Велигден, обојте ги јајцата по природен пат

Се ближи големиот верски празник – Велигден. Секоја жена нормално ќе бојадисува јајца за Христовото воскреснување. Има многу техники за бојадиусвање, но скоро сите се со разни хемикалии и сл. Но има и техника на боењето на јајцата со помош на лушпи од кромид која скоро сите ја знаат. Освен оваа природна техника, можеме да искористиме и многу други природни состојки, а при тоа да добиеме интересни и весели бои на Велигденските јајца, на кои децата најмногу им се радуваат.

За да добиете силно жолта боја во еден литар вода ставете три супени лажици куркума и една кафена лажица шафран. Додајте и две лажици оцет и варете ги јајцата на тивок оган малку подолго за да попримат од бојата. Портокалова боја можете да добиете ако во еден литар вода ставите лушпи од дванаест главици црвен кромид и додадете две лажици оцет. Црвена боја на лушпите од јајцата можете да добиете ако јајцата ги варите во течноста од конзервираното цвекло, или пак доколку во еден литар вода промешате две лажици оцет и пет лажици црвен пипер при што ќе добиете јајца во светло црвена боја. Светло зелената боја можат да ви ја овозможат три кесички зелен чај и една рака цветови од лаванда промешани во 800 милилитри вода. Варењето на јајцата во сад со црвена зелка и неколку замрзнати плодови од боровница може да ја обои лушпата на јајцето во сиво-сина боја.

Природното бојадисување е покорисно за рзлика од вештачките бои, па затоа топло препорачуваме да пробате, сигурно ќе бидете задоволни.