Saturday, May 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ: Заврши насилниот мандат на Трајко Велјаноски

СДСМ: Заврши насилниот мандат на Трајко Велјаноски

СДСМ повиците за мирен трансфер на власта ги насочи и кон Трајко Велјаноски кој повеќе не е ниту претседател на Собрание, ниту претседавач на Конститутивната седница која заврши со изборот на новиот собраниски спикер Талат Џафери.

– Заврши насилниот мандат на Трајко Велјаноски. Велјаноски нема право за личните интереси на Никола Груевски да ја усложнува политичаката ситуација и да го окупира противуставно и неделовнички Кабинетот на претседателот на Собранието. Тој е должен да овозможи новиот собраниски претседател да влезе во својот кабинет и да продолжат демократските процеси.

Нов собраниски претседател е Талат Џафери, со кого, како што соошти заменикот помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји ќе работат и САД, а и ЕУ, НАТО и официјален Берлин.

Новиот легитимен претседател на Собранието ќе испрати известување до Ѓорге Иванов дека е формирано демократско легитимино мнозинство и дека Иванов е должен да го додели мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев за формирање Влада.

СДСМ исто така испрати пораки и до претседателот Иванов дека е должен според Уставот во рок од 10 дена да го додели мандатот на Зоран Заев со цел веднаш да се формира новата реформска влада.

– На Иванов ќе му биде предочено уште еднаш тоа што го знаат сите, дека постои Програмата на новата реформска Влада што во целост ја гарантира унитарноста на Македонија, работа според Уставот и евро-атланстските перспективи на државата со што ќе бидат разбиени сите неразумни аргументи со коишто Ѓорге Иванов ги брани всушност криминалните интереси на Никола Груевски.

Врвен државен интерес за Македонија е формирањето на новата Влада и никој не смее да помисли да дејствува противуставно што е тешко казниво дело. Мора да биде овозможено на мнозинството во Парламентот да предложи Влада и Владина програма, што ќе биде направено согласно Уставот, законите и Деловникот во Собранието.

Од претедентите за новата влада порачуваат дека нови избори нема да има, но затоа сите нарачатели и насилници ќе одговараат.

– Крвавото насилство во Парламентот, кога беше направен кукавички обид за убиство на пратеници и насилство врз новинари и вработени во Собранието мора да се истражи до крај и нарачателите и извршителите да понесат одговорност.

Груевски, Иванов, Велјаноски, Чавков не смеат да го повторат насилието ниту повеќе да ги вознемируваат граѓаните со лаги и нелогични барања за избори.

Секој мора да е свесен за новата реалност, дека постои мнозинство предводено од СДСМ, дека ВМРО-ДПМНЕ е опозиција и дека е неопходно демократските процеси да продолжат со мирен трансфер на власта, заклучува СДСМ во соопштението.