Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ паничи за zbogumnikola.mk, МАРНЕТ тврди не е крив за доменот

СДСМ паничи за zbogumnikola.mk, МАРНЕТ тврди не е крив за доменот

СДСМ го обвини МАРНЕТ за заботажа при купувањето на доменот zbogumnikola.mk, но купувањето и резервирањето на било кој домен со различни адресарски додавки оди прегу регистраторите во Македонија. Барем така тврдат од Македонската академска истражувачка мрежа префрлајќи ја одговорноста од себе за рашомонијадата со пренесувањето на адресите.

Затоа СДСМ без проблеми си ја регистрирала адресата zbogumnikola.com на која стои одбројување до неговата оставка, по што ќе се објавуваат сите наводни криминали и злоупотреби на власта. Претходно СДСМ реагираше и преку Александар Кирацовски кој тврди дека уредно на почетокот на декември си го закупиле мк доменот, добиле потврден одговор, но потоа им бил одземен.

kiracovski

„Оваа јавна установа е единствена овластена од државата да врши регистрација на домени со кратенката „mk“. И оваа јавна установа овозможила кражба! Веќе купениот назив, односно домен, од страна на СДСМ, го регистрирале на други! Неполни 24 часа откако СДСМ го купила називот „zbogumnikola.mk“, истиот бил продаден на извесен Новаков, индивидуален земјоделец од населба Речани, Велес, кој од МАРНЕТ е заведен како корисник. Потоа, сопственоста на називот на странцата e префрлена на Друштво за трговија и услуги „Соле пром“ со седиште во Скопје. Ова е класична злоупотреба на институциите од страна на власта на Никола Груевски. Овој случај го отвора прашањето како работи МАРНЕТ и за чии интереси, на власта или на граѓаните?! Уште колку физички или правни лица се оштетени на сличен начин?“, изјави техничкиот министер Кирацовски.

marnet zbogumnikolaДоколку ја проверите комбинацијата zbogumnikola ќе видите дека закупени се домените со .mk и .мкд но, слободни се .com.mk, .net и останатите. Инаку доменот кој СДСМ сакал да го купи и веќе било договорено навистина е превземен од трети лица, па сега се наоѓа во сопственост на Ванчо Петрушевски од село Трнодол, пренесува Мета.