Monday, May 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ: Не е љубов кон народот да не ја почитуваш мнозинската волја на 700.000 граѓани

СДСМ: Не е љубов кон народот да не ја почитуваш мнозинската волја на 700.000 граѓани

Единствен непријател на граѓаните на Република Македонија е криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, кое во обид за сопствен спас сака да ја жртвува иднината на граѓаните и државата, велат од СДСМ.

– Не е љубов и не е патриотизам да ги погазуваш и да ги уништуваш институциите на државата. Тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ 10 години, тоа го прават пратениците на Груевски и денес, блокирајки ги демократските процеси преку блокадата на Парламентот.

Не е љубов кон народот, ни патриотизам кон државата да не ја почитуваш мнозинската волја на 700.000 граѓани кои избраа правда и промени.

Тоа што го прави ВМРО-ДПМНЕ е насилие врз граѓаните и сопствената земја, саможивност и себичност. Никола Груевски не е народот, како што не е ни ВМРО-ДПМНЕ. Затоа итно мора да престане тиранското однесување на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните избраа.

Има парламентарно мнозинство составено на демократски начин, има Програма на новата Влада на унитарна Македонија, ќе има и нова реформска Влада на граѓаните на Македонија, предводена од претседателот Зоран Заев.

Неопходен е мирен трансфер на власта. Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се опозиција, стои во соопштението на СДСМ.

POST TAGS: