Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ на преговори со Беса за нова влада

СДСМ на преговори со Беса за нова влада

Преговорите за формирање влада продолжуваат и денеска во седиштето на СДСМ, соопштија за „Мета“ од партијата.

Разговорите кои почнуваат во 15.30 ќе се водат со претставници на Движењето Беса. Засега не се знае дали средбата ќе биде на највисоко ниво, односно дали разговорите ќе ги водат Зоран Заев и Биљал Касами, или пак ќе бидат на ниво на работни групи.

Како што дознаваме, ова се првични средби на кои не се расправа за министерски ресори, туку станува збор за приближување и усогласување на партиските ставови за програмата на владината коалиција.