Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ го „вжештува“ проблемот со РЕК Битола

СДСМ го „вжештува“ проблемот со РЕК Битола

Опозициската СДСМ продолжува со нападите врз раководството на РЕК Битола кое го обвини за неефикасно и неодговорно работење, па прашуваат дали се загрозени претстојната грејна сезона и производството на електрична енергија.

rek-bitola1

– Зошто е новата хаварија во електроенергетскиот комбинат и дали повторно работи само еден од трите блокови? Блок 1 е исклучен подолг временски период. Блок 2 беше исклучен вчера. Дали РЕК Битола нема доволно јаглен за нормално функционирање и затоа е исклучен блокот?, прашува СДСМ.

rek-bitola2

Од посочените фотографи СДСМ тврди дека хаваријата на блоковите направена од замор на материјалот. Се наведува дека промена на таков дел чини повеќе од 1.000.000 евра, но и без оглед што според нивните проценки досега власта потрошила над милијарда евра во РЕК Битола за, „наводни ремонти и модерницазии“ состојбата е лоша.

rek-bitola3

Затоа СДСМ повика на одговорност, а ако ја нема тие ќе ја побараат по изборите во декември.