Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСанта Аргирова е предлогот за нов уредник на Информативната програма на МТВ

Санта Аргирова е предлогот за нов уредник на Информативната програма на МТВ

Санта Аргирова е предлогот на Социјалдемократскиот сојуз за нов главен уредник на МТВ кој ќе треба да стапи на функцијата од први септември, објави Фактор. Истиот извор тврди дека засега ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат информацијата за номинацијата на долгогодишната новинарка а во последниве неколку години и писателка Санта Аргирова.

Се очекува предлогот на опозцијата, Санта Аргирова да биде главен уредник на МТВ да биде прифатен и од трите партии потписници на Договорот од Пржино.

Аргирова, новинарската кариера ја започна во МТВ, работеше во надворешно-политичката рубрика, потоа во МНР во кабинетот на министерката Илинка Митрева, ТВ Телма и Алфа.

Новиот уредник треба да ја води информативната редакција на МРТ 100 дена пред изборите.