Samsung Gear S2 или кружниот Apple Watch
Кога го најави Samsung – Galaxy Note 5, го претстави и новиот смартчасовник Gear S2, кој е значително подобар од претходникот Gear S.
Големата разлика може да се забележи кај дизајнот, така што Gear S2 има кружен облик за разлика од коцкастиот Gear S. Samsung повторно е на мета на критики дека го копира Apple. Иконките се слични со оние на Apple Watch, со таа разлика што иконките кај S2 не се подредени како кај Apple, што значи дека се малку изменети за да не се идентични.
За жал, нема премногу детали за перформансите на смартчасовникот. Се надеваме дека Samsung ќе испорача барем подобри перформанси кога веќе го „краде“ дизајнот од Apple. Samsung и Apple се единствени производители што досега направиле прилично добар паметен часовник. Останува прашањето и колку ќе чини Gear S2
Извор: telefoni.mk