Saturday, Jul 27, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонSamsung ги враќа телефоните на преклоп

Samsung ги враќа телефоните на преклоп

Ако некогаш сте посакале да ги имате старите телефони на преклоп, да ве израдуваме бидејќи сеуште не се заминати во историјата.

Според медиумите, во Јужна Кореја се подготвуваат да лансират нова верзија Samsung W2017 нов модел на мобилен телефон со преклоп.
maxresdefault-33

 

Оваа вест доаѓа само неколку недели откако го претставија Galaxy S8 и S8 +, но не радувајте се премногу, бидејќи се шпекулира дека тоа ќе биде само ограничено издание.

Новиот модел треба да има читач за отпечаток на прст, како и поддршка за безжично полнење. Тој ќе има 64 гигабајти меморија, камера со 12 (задна) и пет (напред) мегапиксели и ќе биде отпорен на вода и прашина.