Thursday, May 2, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаРоби Вилијамс повторно во групата „Take That“

Роби Вилијамс повторно во групата „Take That“

„Тејк дет“

Англискиот музичар Роби Вилијамс одлучи да се врати во студиото со своите поранешни колеги од групата „Take That“, за да снимат нов албум од нивните најголеми хитови со кој ќе се одбележи 25 години од основањето на оваа група. Во септември минатата година Гери Барлоу, Марк Овен и Хауард Доналд потврдија дека започнале да работат на албум  со кој ќе се одбележи 25 години од издавањето на првиот албум „Take That & Party Back“. Роби Вилијамс од 2010 години не е со нив, но истакна дека е среќен бидејќи тие ќе се соберат повторно заедно.

Познатиот пејач ќе се приклучи на групата и турнејата, за која до сега се знае само дека таа би требало да започне во Европа. „Take That“ е група основана во Манчестер во 1989 година. Оваа група има издадено седум студиски албуми и до сега имаат учествувано на девет големи турнеи. Роби го напушти бендот во 1995 година поради соло кариера. Во 2010 година повторно се врати во бендот и работеше со своите поранешни колеги на албумот „Progress“, а потоа настапуваше на светска турнеја.