Saturday, Apr 27, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФаул(Ретроспектива): Најдобрите 10 одбрани на Икер Касиљас

(Ретроспектива): Најдобрите 10 одбрани на Икер Касиљас

Фудбалските легенди доаѓаат и си одат, но нивната историја останува запишана засекогаш во срцето на клубот и навивачите. По 25 години верност на кралскиот клуб, Икер Касиљас решава да го напушти Реал Мадрид.

Сè уште нема никакви поверодостојни податоци за неговата иднина, но многу од медиумите веќе го поврзуваат неговото доаѓање во португалскиот шампион Порто кој понудил 2,5 милиони евра годишно за договор со важност од две сезони и можност за продолжување на истиот за уште една година.

Чуварот на мрежата на Реал Мадрид и шпанската фудбалска репрезентација беше незаменлив долги години наназад и важеше за еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот и воопшто, најдобриот голман што кралскиот клуб некогаш го имал.

Блескавата кариера ја запечати со многу реализирани одбрани кои тешко дека може да се избројат на прсти, но сепак ние одвоивме компилација од најдобрите десет.


Подготви: Тамара Стојкова