Wednesday, May 8, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалРепрезентацијата на Хрватска се соочи со нова семејна трагедија

Репрезентацијата на Хрватска се соочи со нова семејна трагедија

Хрватската фудбалска репрезентација и покрај победата во првото коло против Турција, постојано ја следат семејни трагедии прво поради смртта на таткото на Дарио Срна, но непосредно откако хрватскиот капитен се врати од погребот и им се приклучи на своите соиграчи во базата, пристигна уште една лоша информација од медиумите од оваа земја.

Поради семејна трагедија, односно поради смрт на неговиот татко, тренерот на голманите на Хрватска (Марјан Мрмиќ) бил приморан да се врати во својата родна земја каде во текот на утрешниот дек за последен пат ќе се поздрави со својот родител.

Ваквата вест секако предизвикала нов потрес во репрезентативниот камп кој доживува неочекувани шокови на емотивен план, но сепак Домагој Вида е убеден дека сите соиграчи заедно ќе бидат уште посилни по непосакуваните настани.