Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитика„Реформаторите“ изготви и поднесе Декларација за демократизација на ВМРО-ДПМНЕ

„Реформаторите“ изготви и поднесе Декларација за демократизација на ВМРО-ДПМНЕ

Декларацијата е патоказ кој нуди конкретни решенија за излез од сегашната ситација, во која победите претставуваат пораз, а пријателите непријатели.

Преку неа нашата партија ќе го врати загубеното и ќе означи почеток за една нова ера, за уште посилна ВМРО-ДПМНЕ, која наскоро повторно ќе раководи со државата, стои во Декларацијата за демократизација и модернизација што денеска членовите на иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ ја доставија до Централниот комитет на партијата. Декларацијата за демократизација и модернизација на партијата под мотото „Демократска ВМРО-ДПМНЕ за демократска Македонија“ содржи осум принципи кои треба да бидат вметнати со измените на Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Илија Илиовски, член на иницијативата за реформи.

„Декларацијата ја поднесуваме со цел да покажеме дека е време нашата партија да го врати сјајот на демократска и цврста ВМРО-ДПМНЕ. Со неа предлагаме раководството да ги разлега следните принципи:
1. Приницип на слобода на мисла и говор,
2. Приницип на рамноправност,
3. Принцип на непосреден избор,
4. Приницп на тајност во одлучувањето,
5. Принцип на неспоивост на функции,
6. Принцип на индивидална одговорност,
7. Принцип на личен интегритет и квалитет,
8. Принцип на внатрепартиска солидарност.
Се надеваме дека Централниот комитет ќе ја разгледа декларацијата затоа што сметаме дека ќе има позитивен ефект и кон членовите на раководството и кон членовите на партијата“, рече Илиовски.
Во декларацијата „реформаторите“ ги повикуваат и охрабруваат сите членови на ВМРО-ДПМНЕ да вклучат во дебата , слободно да размислуваат и да предлагаат решенија кои според нив ќе бидат поквалитетни од понуденото на еден човек. Крајната идеја е реформите да предизвикаат реизбор на органите и телата на партијата кои ќе овоможат да се истакне квалитетот на поединецот, а не гордо наведната глава, порачуваат иницијаторите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ.