Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаРадовишанец шверцувал мигранти од Пакистан кои илегално влегле во Македонија

Радовишанец шверцувал мигранти од Пакистан кои илегално влегле во Македонија

Млад радовишанец прибрал седум илегалци од Пакистан во куќата на своите родители во Велес, известува полицијата од СВР Велес. Имено, Р.С. (18) од нив земал пари со ветување дека ќе им најде такси-превоз до границата со Србија.

Сите бегалци влегле илегално во Македонија пред четири дена во близина на граничниот премин Богородица и се движеле пеш во правец кон Србија. Откриените мигранти се сместени во Прифатниот центар за странци, а младото момче е приведено и против него ќе биде поднесена кривична пријаваи по основа на сомнение за сторено кривично дело „шверц на мигранти“.