Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПукање во Марсеј, две лица убиени

Пукање во Марсеј, две лица убиени

Две лица биле убиени од огнено оружје во центарот на Марсеј. Полицијата пренесува дека најверојатно станува збор за пресметка меѓу групи, пренесуваат француските медиуми. Бројот на напаѓачи се уште не е утврден, а локалните медиуми дека утрово од дна автомобил било пукано со „калашников“ на „твинго“ во кое се возеле 20-годишни лица.

Набргу после овој инцидент во друг дел од Марсеј бил пронајден запален автомобил тип „клио“, но не се знае дали тоа има врска со другиот напад. Жртвите биле убиени со повеќе куршуми од голем калибар од страна на еден или двајца напаѓачи, кои се во бекство, пренесуваат тамошните медиуми, повикувајќи се на неименувам полициски извор.