Sunday, May 5, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПукање во близина на Белата куќа ранет маж

Пукање во близина на Белата куќа ранет маж

Во близина на Белата куќа во САД бил ранет вооружен маж, од страна на агентите на американската Тајна служба, пренесуваат медиумите во Америка..Целиот комплекс на Белата куќа е ставен под посебен режим по пукањето, објави полицијата. Едно лице е пренесено во болница со повреди „опасни по животот“, соопшти противпожарната служба на Вашингтон.

Човекот наводно се приближил на безбедносна контролна точка вооружен со пиштол, а припадниците на безбедносната служба пукале и го раниле во стомакот, јави телевизиската мрежа CNN повикувајќи се на официјални извори. Според весникот The Washington Post, ранетиот маж е во критична состојба. Неговиот идентитет не е соопштен.