Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПрвиот претседател на Македонија денеска ќе наполнеше 100 години – Почит за големиот државник

Првиот претседател на Македонија денеска ќе наполнеше 100 години – Почит за големиот државник

Денеска Македонија одбележуваат 100 години од раѓањето на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров. Глигоров остави печат на еден од најзначајните протагонисти на македонската независност. Не веруваше дека лесно ќе се најде решение и компромис со Грција за проблемот со името. Во неговиот двоен претседателски мандат се соочи со можеби најтешките години во блиската историја: ембарго, блокади, нестабилност во регионот, внатрешни етнички тензии, пробив на Макеоднија на меѓународната сцена, признавање и лобирања. Ја напуши претседателската позиција кога имаше 82 години. По повлекувањето од активниот политички живот, претседателот Глигоров беше активен преку Фондацијата која го носи неговото име.

Киро Глигоров е роден во Штип во 1917 година. Дипломирал право на белградскиот Правен факултет. Во текот на Втората светска војна, претседателот Глигоров учествувал во борбата против фашистичките сили и бил секретар на Иницијативниот комитет за формирање на АСНОМ.
FILE PHOTO OF CROATIAN PRESIDENT FRANJO TUDJMAN WITH LEADERS OF OTHER FORMER YUGOSLAV REPUBLICS
Бил на повеќе важни политички и економски функции во СФР Југославија и во Сојузот на комунистите на Југославија. По независноста на Македонија, Глигоров во јануари 1991 година беше избран за прв претседател на државата. Оваа функција ја извршуваше во два мандата, до ноември 1999 година. На 3 октомври 1995 година преживеа атентат со автомобил-бомба поставен на улицата „Македонија“ во непосредна близина на хотелот „Бристол“. Напаѓачите никогаш не беа пронајдени.
kiro gligorov atentat
За своето успешно, конструктивно водење и регулирањето на меѓународните односи на македонската држава бил добитник на бројни меѓународни награди и признанија. По говорот на Универзитетот во Питсбург, Соединетите Американски Држави бил прогласен за почесен доктор на Универзитетот, на 21 септември 1997 година. На 5 јануари 1998 година во Неапол му била врачена Медитеранската награда за мир.

Беше автор и на повеќе книги, меѓу кои се издвојува „Македонија е сè што имаме“. Во 2005 година стана прв носител на „Орденот на Република Македонија“. Почина во Скопје на 1 јануари 2012 година, на 94-годишна возраст.

За своето успешно, конструктивно водење и регулирањето на меѓународните односи на македонската држава бил добитник на бројни меѓународни награди и признанија. По говорот на Универзитетот во Питсбург, Соединетите Американски Држави бил прогласен за почесен доктор на Универзитетот, на 21 септември1997 година. На 5 јануари 1998 година во Неапол му била врачена Медитеранската награда за мир.
kiro gligorov 2
Денеска, делегација на СДСМ, предводена од генералниот секретар на партијата, Оливер Спасовски, положи цвеќе и оддаде почит на првиот претседател на независна и суверена Република Македонија.

Од Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов истакнаа дека Киро Глигоров беше политичар кој остана влијателен и почитуван на македонската политичка сцена пред и по независноста.
kiro gligorov 1
„Неговата смиреност придонесе Македонија да го изоди периодот на транзиција. Такви лидери и политичари ни требаат на нас. Во овие времиња што сега ги имаме една таква мудра политичка личност сигурно би била од корист“, беше истакнато на денешниот настан во Општина Штип по повод одбележувањето на стогодишнината од раѓањето на Глигоров.