Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПронајдени две безживотни тела во ист ден – трагедии во Центар и Кисела Вода

Пронајдени две безживотни тела во ист ден – трагедии во Центар и Кисела Вода

Тело на 27-годишен скопјанец завчера попладне било пронајдено во објект во изградба во oпштина Кисела Вода. Како што соопшти МВР, во 17 часот во Единицата за известување и команда – Скопје, Љ.Д. пријавил дека на улицата „Сава Ковачевиќ“, во објект во изградба, има починато лице. Се работи за Г.Б. (27) од Скопје. Смрттa е констатирана од екипа на Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Но ова не е единственото тело кое ги шокираше скопјани истиот ден. Вработен на ЕВН пронашол безживотно тело на маж во трафостаница. Завчера, околу 8 часот и 53 минути во ЕИК Скопје, З.Г. (49) од Скопје, вработен во ЕВН, пријавил дека во подземна вклучена 10КВ трафостаница на ЕВН Македонија, лоцирана во непосредна близина на Македонска опера и балет, пронашол безживотно тело на непознато машко лице.

Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт, а увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатото лице е предадено во Институтот за судска медицина и криминалистика за обдукција. Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на починатиот и за целосно расчистување на случајот.