Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмПродуцентите на „Narcos“: Ќе престанеме кога ќе престане трговијата со дрога!

Продуцентите на „Narcos“: Ќе престанеме кога ќе престане трговијата со дрога!

На „Netflix“ се појави втората сезона од популарната серија „Narcos“ во која ќе биде откриена судбината на познатиот нарко-дилер Пабло Ескобар после неговото бекство од затвор. И покрај тоа што Вагнер Мур излезе од протестот, „Narcos“ и понатаму ќе се снима, откриваат продуцентите Ерик Њуман и Хосе Падиља.

„Серијата ќе престанеме да ја снимаме кога ќе престане трговијата со дрога“, изјави Падиља, а Њуман додаде: „Ќе престанеме тогаш кога ќе престанете и вие. Тоа е нашиот договор со Америка“. Зборувајќи за втората сезона, продуцентите истакнале дека промената на фокусот на 18 месеци од животот на Ескобар, наместо 15 години, фундаментално ја променило серијата.

„Ни овозможи да ја успориме и да се соживееме со ликовите порано отколку што тоа го можевме порано. Сега гледаме како се руши неговата империја“, вели Њуман. Сите епизоди од втората сезоан се достапни од 2 септември и до сега добија релативно позитивни оценки.