Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмПристигнува втората сезона од серијата „Stranger Things“ (ТИЗЕР)

Пристигнува втората сезона од серијата „Stranger Things“ (ТИЗЕР)

Иако никој не ни помислил дека постои и најмала шанса дека нема да има втора сезона од најголемиот хит за 2016 година, сега новата сезона од серијата „Stranger Things“ доби и зелено светло од Netflix. Сепак, некое време беше чудно зошто Netflix кој одоборува се и сешто во истиот момент не даде до знаење дека нејзината најгледана серија ќе добие и втора сезона.

Меѓутоа, нестрпливите обожаватели морале да почекаат еден месец за нивната омилена серија да добие и официјално нова сезона која, да бидеме искрени, никогаш ни не беше под некаков знак прашалник. Серијата пристигнува во 2017 година, а пристигна и прв тизер кој е далеку помалку возбудлив од вестите за новата сезона.

Во продолжение погледнете го тизерот: