Tuesday, May 7, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаПристигнува албум на пејачката Стејси Ен Фергусон

Пристигнува албум на пејачката Стејси Ен Фергусон

Американската пејачка Стејси Ен Фергусон, уште позната како Ферги, после повеќегодишна пауза се подготвува да објави нов албум и со тоа да ги израдува нестрпливите обожаватели. Во разговор за „Associated Pres“ сопругот на Ферги, Џош Духамел ги откри плановите на својата сопруга за наредната година. „Таа ќе објави нов албум за десетина дена, но неможам да ви потврдам ништо официјално“, изјави Џош.

„Но, да ќе објави цел албум а потоа на почетокот на следната година планира да тргне на турнеја. Едниот од нас секогаш ќе биде дома додека другиот е на пат, но ќе се уклопиме. Тоа е планот за сега“, објасни сопругот на популарната пејачка, наведувајќи дека едниот од нив секогаш ќе биде дома со нивното дете.