Friday, Mar 29, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаСлавните „Depeche mode“ со нов албум се вратија на музичката сцена!

Славните „Depeche mode“ со нов албум се вратија на музичката сцена!

Британската њу вејв група Depeche Mode се врати на музиката сцена со нов албум. „Spirit“ е 14-ти студиски албум на групата, која го дефинира како „мрачен“, а песните во него се инспирирани од конфликтот во Сирија и подемот на национализмот во Европа. Албумот беше претставен синоќа на концерт во Берлин. За првиот сингл од него „Where’s the Revolution?“ („Каде е револуцијата“), кој беше дистрибуиран во почетокот на февруари, групата се инспирира во 2015 година.

„Знаевме дека е малку опасно да издадеме албум, кој може да се смета за политички, но чувствувавме дека е потребно во овие времиња“, прокоментира клавијатируистот и гитарист во Depeche Mode, Мартин Гор пред Ројтерс. Тој забележува дека во почетокот на работата на албумот светот не бил толку лош колку што е сега, и ги посочува како едни од најголемите проблеми Сирија и национализмот.