Saturday, Apr 27, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонПристигнаа iPhone 7 и iPhone 7 Plus – Внатрешна еволуција

Пристигнаа iPhone 7 и iPhone 7 Plus – Внатрешна еволуција

Apple со речиси двочасовно шоу ги претстави новите смартфони iPhone 7 и iPhone 7 Plus кои оваа година не носат револуционерни промени во дизајнот, туку повеќе внатрешни еволутивни промени што треба да им биде и најважно на корисниците, а не само надворешниот изглед кој да не биде без ништо има нова црна боја која изгледа премногу елегантно.

iphone-7-new1

iPhone 7 е основниот модел со 4.7 инчен HD екран, со тоа што има еден сензор на камерата од 12 мегапиксели, а сите останати функции му се идентични како и кај поголемото братче.

iPhone 7 Plus се чини дека ќе биде главна атракција со поголем 5.5 инчен Full HD дисплеј, водоотпорен IP67 сертификат, поиздржлива батерија за 13 часа активна работа, како и два сензори на камерите, еден од 12 мегапиксели и втор со телефото леќа со широк агол што ќе донесе професионални слики и видеа.

iphone-7-plus-new1

Смартфоните повеќе немаат 3.5 милиметарски приклучок за слушалки, па AirPods ќе се вклучуваат со Lightning кабелот кој ќе има и аудио адаптер. iPhone 7 моделите нудат и стерео звучници, нов A10 Fusion процесор кој има многу подобрени компјутерски и графички перформанси, како и нова верзија на софтверот iOS X.

iPhone 7 и iPhone 7 Plus пристигнуваат следната недела, а цените ќе се движат од 749 до 1249 долари за најнапредните верзии со 256 GB меморија.