HomeГИГА БАЈТСмартфонПрикажан BlackBerry Venice со Android Lollipop

Прикажан BlackBerry Venice со Android Lollipop

BlackBerry полека попушта пред притисикот на фановите и ќе мора наскоро да лансира Android смартфон и покрај изјавите на директорот Џон Чен дека се уште немаат доверба во безбедноста на платформата. Сега се појавија нови слики од BlackBerry Venice кој работи со Android Lollipop системот и сосема необичен дизајн.

BlackBerry-Venice-running-Android-Lollipop.

BlackBerry Venice е замислен како телефон со Quad HD дисплеј на лизгање, концепт кој одамна не сме го виделе во премиум класата на телефони. Дисплејот исто така е заоблен на страничните работи, додека пак за хардверот се уште е рано да се шпекулира, но очекуваме моќни компоненти. Промоцијата на BlackBerry Venice би требало да се одржи кон крајот на летото.

Извор: telefoni.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com