Friday, Apr 19, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонTuring Phone со течен метал доаѓа овој месец

Turing Phone со течен метал доаѓа овој месец

Turing Phone како што доликува на реномето на Turing Robotic Industries не е само обичен смартфон, туку има уникатен концепт на изработка на маската од течен метал што звучи премногу „кул“ иако не е ни одблиску до Терминаторот Т-1000. Turing Phone по долго исчекување конечно ќе пристигне на пазарот со цена од 610 долари за основниот модел од 16 GB што се чини дека е сосема достапно за фановите на иновативна технологија.

Turing-Phone (1)

Turing Phone теоретски треба да издржи секакви удари и шокови со издржливата маска од течен метал, а исто така е водооотпорен со IPSx сертификатот. За одлични перформанси на Turing Phone ќе се погрижи Snapdragon 801 процесорот, додека пак HD дисплејот со Full HD резолуција ќе биде доволно остар со висок степен на видливост. Софтверот е предводен од Android 5.0 Lollipop, а за слики и фотографии ќе користите 13 мегапикселна камера.

Извор: telefoni.mk