Friday, Apr 28, 2017
HomeГИГА БАЈТПЦПремиум антивирусот Malwarebytes бесплатен за пиратите

Премиум антивирусот Malwarebytes бесплатен за пиратите

Malwarebytes 1

Malwarebytes реши да го достави бесплатно својот премиум антивирус на сите кои го инсталирале на пиратски начин, без оглед дали намерно го превзеле пакетот вреден 24 долари годишно или пак биле „измамени“ од некој интернет сајт за симнување на софтвер.

malwarebytes-anti-malware-2-0Malwarebytes ќе им достави нов „клуч“ за активација на премиум софтверот кој се инсталира на Windows платформата и може да ве заштити од интернет закани, штетен софтвер, вируси со попап реклами и заштита на податоците. Корисниците кои чесно си го платиле софтверот нормално се побунија и почнаа да си ги бараат парите назад.

Од Malwarebytes објаснија дека поради огромната популарност на софтверот може да дојде до поклопување на клучевите со пиратските верзии, па ова е еден од начините за заштита на легалните корисници.

Извор: telefoni.mk