Friday, Mar 29, 2024
HomeГИГА БАЈТПЦКреативно обединување на сите ваши забелешки со Milanote

Креативно обединување на сите ваши забелешки со Milanote

Претпоставуваме дека сте слушнале за Google Keep, особено корисната екстензија која ви дозволува брзо и едноставно да сочувате линкови, слики, цитати од сајтови на кои наидувате. Иако нема никакво сомневање во функционалноста на Google Keep, но што доколку би сакале поелегантна алтернатива, пософистициран начин за грабнување на сите тие текстови, видеа, слики и линкови и нивно поставување на една табла?

Milanote е релативно нова услуга која ви дозволува таквите мултимедијални податоци да ги распоредувате како сакате, да ги обележувате во различни бои и да ги поврзувате со различни стрелки, сè со цел да се разбуди креативноста во вас и преку визуелно-моќна перспектива, да произлезете со концизно решение за вашиот проблем.

Milanote, ќе биде ценет од сите кои работат на подолгорочни проекти и имаат потреба нивните работи да им се на едно место, а не сочувани на различни места и во различни форми.  Milanote станува задолжителен во ситуации кога таквиот проект треба да го споделите со вашите колеги и да се втурнете во заедничка работа преку интерфејс кој, според авторите, е лесен за експериментирање, играње, создавање идеи и истражување можности. По потреба, таквиот проект подоцна можете да го преточите во PDF форма, нормален текст, HTML или Word документ.

Бесплатното користење на услугите на Milanote се до 100 забелешки (една слика/ видео/ линк се смета како една забелешка). Во случај да имате потреба за повеќе забелешки во одреден проект, се препорачува или надградба на планот (од бесплатен на платежен – 12 долари месечно) или препорачување на Milanote на вашите пријатели.