Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаПредводникот на МЗТ не реагира на провокациите од трибините: „Сконцентриран сум само на случувањата на теренот“

Предводникот на МЗТ не реагира на провокациите од трибините: „Сконцентриран сум само на случувањата на теренот“

Кумановчани повторно се враќаат во „Јане Сандански“ во пресрет на третото коло од финалниот плејоф во домашното кошаркарско првенство. На првата средба во Скопје гостите славеа со 87-84, додека во преполната сала во Куманово, „металците“ се реваншираа и израмнија на 1-1, поставувајќи го конечниот скор од 82-75.

Еден од најдобрите поединци во редовите на скопскиот тим, Марко Луковиќ, е постојано подложен на исвиркувања и провокации од трибините, но носителот на играта на „металците“ не обрнува на истите, ниту на се што се случува надвор од паркетот.


„Не им обрнувам внимание на провокациите, ниту ги слушам прозивањата од трибините. Сконцентриран сум само на случувањата на теренот. Сè уште не сум вратен во форма. Бев пет недели надвор од теренот, но се трудам колку што можам да и помогнам на екипата“, вели Луковиќ кој на последниот натпревар оствари учинок од 16 поени.