Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПознати четвртфиналните двојки од Копа Америка

Познати четвртфиналните двојки од Копа Америка

Со завршувањето на последните натпревари од групната фаза на Копа Америка, Бразил – Венецуела и Колумбија – Перу, познати се двојките кои ќе се натпреваруваат во четвртфиналните дуели.

Без разлика на тоа што Колумбијците не успеаја да издвојат победа против Перу, и нерешениот резултат беше доволен за пласирање во понатамошната фаза каде што за противник ќе ја имаат репрезентацијата на Аргентина.

Бразилците, пак, без никакви проблеми ја совлада Венецуела со 2 : 1 и ја зацврсти првата позиција во група Ц, со што за противник го добија Парагвај.

Несомнено е дека најинтересниот четвртфинален дуел би бил Аргентина – Колумбија, а вака изгледаат конечните двојки:

Чиле – Уругвај (А)
Боливија –  Перу (Б)
Аргентина – Колумбија (Ц)
Бразил – Парагвај (Д)

 Полуфинале:
Победник А со победник Б
Победник Ц со победник Д