Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПожарникар загина гаснејќи го запалениот авион во Дубаи

Пожарникар загина гаснејќи го запалениот авион во Дубаи

Еден пожарникар загина при гасење на запалениот авион на аеродромот во Дубаи. Авион на авиокомпанијата „Емирејтс ерлајнс“ имал проблеми при слетувањето на меѓународниот аеродром во Дубаи. Авионот испуштал црн чад што предизвикало запирање на сообраќајот на аеродромот. Од авиокомпанијата соопштија дека нема жртви и дека сите патници и членови на екипажот се безбедни. Авионот летал од Индија кон Дубаи и превезувал 300 луѓе. Засега не е позната причината за несреќата.