Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАПовторно високи температури

Повторно високи температури

Денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне ќе има мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 14 до 21, а дневната од 30 до 38 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност и со слаб североисточен ветер. Утринската температура ќе достигне до 19, а дневната до 36 степени. До сабота времето ќе биде претежно стабилно и топло. Дневните температури ќе бидат за околу 2 степени пониски од вчерашните, но долж Повардарието сепак ќе имаат натпросечни вредности.