Tuesday, May 7, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПовторно одложена седницата за избор на шеф на скопското обвинителство

Повторно одложена седницата за избор на шеф на скопското обвинителство

Советот на јавни обвинители по вторпат ја одложи седницата за распишување оглас за избор на шеф на скопското обвинителство откако истече мандатот на обвинителката Гордана Гешковска, јавува „Макфакс“.

Од Советот рекоа дека оваа седница ќе се одржи на 25 мај, односно за девет дена. Претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, во петокот во изјава за медиумите рече дека седницата ќе се одржи денеска и дека претходно била одложена од повеќе причини.

Според него, нема пречка да се врши избори и по шест месеци од огласот, а како пример кажа дека Катица Јанева како обвинител во 2010 година била избрана осум месеци по огласот.