Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАПовторно нестабилно време

Повторно нестабилно време

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има изолирана појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дож и грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието силен северозападен ветер кој на моменти ќе достигнува до околу 70 км/час. Утринската температурата ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 21 до 30 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до силен северозападен ветер. Утринската температура до 14 степени, а дневната ќе достигне до 26 степени.