Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЕве какво време не очекува денеска…

Еве какво време не очекува денеска…

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, попладне со зголемена облачност и на повеќе места со краткотраен пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Температурата ќе се движи од 16 до 26 степени. Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Температура ќе достигне до 24 степени.

Позначителна промена на времето ќе настапи од утре попладне и во вечерните часови, кога преку нашата земја ќе помине влажен бран од север кој ќе биде проследен со поројни врнежи од дожд и грмежи. На места се очекува да наврнат и над 25 л/м2 дожд. Од утр веечер ќе почне да дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата. Во понеделник попладне ќе настапи разведрување, но ќе се задржи ветровито и посвежо.