Saturday, May 19, 2018
HomeДЕНЕШНАЕкономијаПовторно до Солун ќе се патува со автобус

Повторно до Солун ќе се патува со автобус

avtopat

Македонија Сообраќај АД повторно од денеска се обраќа на релација Скопје – Солун – Скопје. Линијата ќе биде секој ден од Скопје само во 17.00 часот а од Солун наутро во 08.00 часот.

„Драго ни е што за брзо време се реши автобускиот превоз до Солун. Искрено три недели ни беше тешко да се организираме затоа што тајмингот со воз е премногу деликатен во 4 часот наутро. Како и да е, сега е едноставно и директно ќе може повторно да патуваме до Солун. ” вели редовен патник.

Три недели патниците можеа само да се возат со воз кој само преку викендите беше директен а од понеделник до петок со воз до Гевгелија и со автобус до Солун.